Xiaomi Mi CC9 Pro со камера од 108 MP и чипсет Snapdragon 730G

Xiaomi ја претстави својата нова серија телефони CC во јули, составена од модели CC9, CC9e и CC9 Meitu Edition. Mi CC9e е објавен и на меѓународните пазари, каде се појави како Mi A3, додека Mi CC9 влезе во глобалниот пазар како Mi 9 Lite.

Сега најновите информации сугерираат дека линијата CC ќе добие уште еден член, наречен Mi CC9 Pro. Телефонот треба да има закривен екран и сензор за камера од Samsung 108MP ISOCELL Bright HMX.

Xiaomi Mi CC9 Pro треба да користи чипсет Snapdragon 730G. Телефонот се очекува да биде преставен на 24 октомври, кога ќе дознаеме и повеќе за самиот уред, односно неговата цена, карактеристики и начин на дистрибуција

Related Articles