Sony официјални ги потврди сите детали за PlayStation 5

Официјално потврдени датумот и името на новата конзола

По многу шпекулации и претпоставки и официјално Sony потврди, PlayStation излегува при крај на 2020 година. Директорот на Sony Jim Ryan во интервју за Wired го потврди датумот на излегување на PlayStation 5, а сподели и уште неколку детали за конзолата.

Официјалното име ќе биде PlayStation 5, а уредот ќе поседува 4K Blu-ray плејер, освен тоа, при инсталирање на игрите ќе може да изберете што точно да инсталирате, дали multiplayer опцијата или пак само кампањата за single -player, со цел заштеда на место на вашиот хард диск. Измена ќе добие и официјалниот контролер, а играчите ќе ги радува што PS 5 контролерот ќе добие подобра батерија и haptic feedback. Од Sony не се изјаснија околу тоа колку ќе чини новиот PlayStation 5 и дали навистина ќе има две различни варијанти.

Дали сте возбудени околу новиот PlayStation 5 и дали планирате купување на оваа конзола ? Пишете ни подолу во коментарите

Related Articles