Отсега може да одговарате на повиците на вашиот телефон преку вашиот компјутер

Your Phone App со уште една функционалност

Со најновата софтверска надградба од Microsoft ќе можете повиците на вашиот телефон да ги одговарате преку вашиот компјутер. Преку микрофонот, звучниците и дисплејот на вашето PC ќе може да одговарате на повиците.

За да ја користите оваа интересна функционалност ќе треба да ја имате инсталирано Your Phone App на вашето PC и на вашиот телефон. Досега оваа апликација овозможуваше размена на фотографии и СМС пораки меѓу двата уреди, а наскоро ќе овозможува и примање на повици. Сега за сега оваа апликација е достапна на Android, но во иднина ќе биде достапна и за Apple корисниците.

Дали ја користите Your Phone апликацијата ? Ако не ја користите пробајте ја уште денес оваа интересна и продуктивна апликација.

Related Articles