Galaxy S10 серијата прва ќе го добие One UI 2.0

Новиот One UI 2.0 влегува во бета тест

Samsung најави дека за брзо време ќе почне бета тестирањето на One UI 2.0, а првите уреди што ќе го добијат новиот софтвер ќе бидат телефоните од S10 серијата. One UI 2 е базиран на новиот Android 10, а според Samsung новиот софтвер ќе има доста подобрувања и нови функционалности.

Во минатото Samsung беше доста критикуван за застарениот и нефункционален софтвер на своите телефони, но со претставувањето на One UI 1.0 компанијата го измени курсот за 360 степени и многу критичари во моментов тврдат дека Samsung ја има најдобрата верзија на Android. Со One UI 2.0 и Android 10, компанијата се надева дека ќе го подобри и досега одличниот One UI.

Новата стабилна верзија на One UI и Android 10 се очекува да го добијат сите S10 уреди при крајот на ноември или почетокот на декември. Новиот софтвер ќе ја направи S10 серијата уште подобра и пофункционална од досега.

Related Articles