Followiing Activity заминува во историјата

Инстаграм донесе одлука со која ќе биде уште потешко да се „шпионира“ што прават другите луѓе на оваа социјална мрежа.

Платформата оваа недела ќе ја укине „Followiing Activity“ преку која корисниците успеваа да следат што сакаат луѓето што ги следат.

Оваа опција предизвика контроверзии во последниве години затоа што многу корисници не беа свесни дека она што им се допаѓа и коментира е видливо за другите корисници.

Просечен корисник на Инстаграм ретко ја користеше оваа опција, па компанијата одлучи да ја отстрани за да ја поедностави интеракцијата, велат претставниците на платформата.

Луѓето не отсекогаш знаеле дека нивната активност се следи, така што опцијата не служи за целта за која е наменета, туку им предизвикува изненадување на корисниците кога ќе се појави нивната активност. Покрај тоа, едноставноста е клучен фактор – се вели во соопштението.

 Кога луѓето откриле дека постои опција „Followiing Activity“, тие беа изненадени или исплашени. Постојат приказни кои кружат низ Интернет дека луѓето имале различни незгодни ситуации заради оваа опција.

Related Articles