Постојните корисници на iPhone тешко мигрираат на новиот модел

IOS

Корисниците на iPhone се повеќе ги "чуваат" своите уреди

Веќе се потврди од претходно познатото, iPhone корисниците се повеќе ги “чуваат” своите телефони. Ако во минатото iPhone корисниците купуваа нов телефон на секој две години, тоа сега е поместено. Според истражувањата iPhone корисниците во моментов, во просек го менуваат својот телефон на четири години. Ова е проблем за Apple затоа што многу потешко се продаваат новите модели.

Според анкетата на PCMag, спроведена на 650 испитаници кои веќе имаат постар модел на iPhone, само околу 18% одговориле дека планираат да го купат новиот модел. Од анкетираните дури 61% изјавиле дека не би платиле повеќе од 599 долари за новиот iPhone модел, а 69% изјавиле дека постоечкиот телефон што го имаат ќе го чуваат уште најмалку две години. Дури 37% од корисниците изјавиле дека батеријата им е најголем проблем на нивниот стар iPhone.

Apple очекува овие трендови да се сменат наредната година затоа што компанијата се очекува да претстави телефон со нов дизајн и 5G способности. Па многу луѓе кои веќе имаат стари iPhone-и се очекува да мигрираат на новиот модел заради дизајнот и 5G технологијата што ќе ја поседува.

Related Articles