Протече официјалниот изглед на PlayStation 5

PlayStation 5 ќе има футуристички изглед

Како што се приближува датумот на претставување на PlayStation 5, така се повеќе се зголемуваат шпекулациите и информациите поврзани со оваа конзола. Инсајдерски информации веќе го потврдија претходно шпекулираниот изглед на PlayStation 5. Новиот PlayStation ќе има доста различен изглед од претходникот, а во средината конзолата ќе има налик на V буква

Новата конзола се очекува да биде промовирана во текот на идната година, а веќе извесно е дека ќе има две различни варијанти, и тоa: Pro варијанта и обична верзија. Сеуште не се знае точно во што се ќе се разликуваат овие конзоли и дали разликата во перформанси ќе биде толку радикална.

Новиот PlayStation ќе понуди подобра графика, побрзо “читање” на игрите, како и поддршка за 8K. Цената за обичната верзија ќе биде околу 400 евра, додека Pro верзијата според информациите ќе чини најмалку 600 евра.

Related Articles