3 начини како да го “освежите” вашиот стар телефон

Преземете ги овие чекори за да не ви "здосади" вашиот стар телефон

Доколку имате уред што го користите веќе неколку години и можеби ви станал досаден, има начини како да го “освежите” вашиот стар телефон и повторно да се заљубите во него. Ова се 3 начини со кои може направите вашиот стар телефон повторно да го чувствувате како нов.

Купете нова футрола

Ако веќе долго време ја користите старата футрола, можеби е време за нова. Секоја футрола му дава нов “шмек” и изглед на вашиот телефон. Може да купите футрола со различна боја, материјал или облик и да направите вашиот телефон да изгледа различно од порано. Користењето на футрола е препорачливо и за зачувување на изгледот на вашиот уред, а и заради заштита.

Сменете ја позадината на вашиот дисплеј

Ако сте од тие луѓе што не ја смениле позадината од самото купување на вашиот телефон, можеби е време да размислите за тоа. Новата позадина дава чувство на нов уред, а денес има безброј апликации што нудат одлични позадини во многу висок квалитет. Можете да ја смените и бојата на тастатурата и стилот на иконите, со овие промени ќе имате чувство како да имате различен телефон

Заменете ја старата батерија

Батеријата е еден од потрошните делови на секој телефон. Како телефонот се повеќе старее, така батеријата слабее. Многу луѓе имаат перфектно функционален телефон и по неколку години од неговото купување, а како единствена слабост им се јавува лошата батерија. Со купување на нова батерија, вие го продолжувате животниот век на вашиот телефон и добивате доста подобра корисничко искуство.

Related Articles