Еве зошто не треба веднаш да ги купувате новите модели на телефони

Доколку сакате да заштедите не купувајте ги новите модели веднаш по нивното излегување во продажба

На сите ни се случило после излегувањето на одреден модел да посакаме тој уред веднаш да го купиме. Откако ќе одлучиме да го купиме или вршиме пред-нарачка или веднаш се упатуваме до најблиската продавница и го купуваме уредот веднаш штом ќе излезе. Но ова може да е погрешно и доста избрзано заради повеќе причини.

Во последно време производителите на телефони се мачат со продажбата на нивните премиум уреди, па често се случува брзо по претставувањето на одреден модел, тој да добие значително намалена цена. Освен проблемот со продажба на премиум уреди, компаниите имаат проблем и со доста силната конкуренција, па заради конкуренцијата се принудени да ја намалат цената на производот, брзо по неговото излегување на пазарот.

Освен тоа, компаниите како Samsung и Huawei претставуваат две различни серии на премиум телефони годишно, па се случува кога ќе излезе Note серијата, S серијата доста да поевтини. Ова е уште една причина да почекате и веднаш да не ги купувате најновите модели.

Отстапка на ова правило има кога производителите нудат атрактивни додатоци ако телефонот го купите во пред-нарачка. Се случува компаниите да понудат доста атрактивни попусти или додатоци кои го оправдуваат купувањето на најновиот модел.

При купување внимателно разгледајте ги сите опции и одлучете внимателно, дали ви се исплати веднаш да го купите новиот модел или пак подобро е да почекате.

Related Articles