Одличните камери на телефоните ја уништија индустријата на фото апарати

Заради телефоните изумира индустријата на фото апарати

Во минатото за да направите добра фотографија мораше да имате некој убав DSLR апарат, но тоа повеќе не е потребно. Новите премиум телефони прават толку добри фотографии што на вашите патувања веќе не мора да носите посебна камера. Телефоните се портабилни, многу полесни за употреба и дури и некој што не се разбира толку во фотографија може да направи слика за “паметење”. Освен лесната употреба, телефоните нудат и можност за брзо споделување и едитирање на направените фотографии на популарните социјални мрежи, што не е случај со DSLR апаратите. Сепак мора да се напомене дека во некој ситуации и сценарија мора да имате специјален апарат за да ги направите потребните фотографии, телефоните колку и да се напреднати во некој работи се ограничени.

Колку телефоните ја уништија индустријата на фото апарати говори податокот дека од 2010 до 2018 година испораката на фото апарати се намалила за дури 84%. Ова во својот извештај го истакната јапонската организација CIPA чии членки се познатите произведувачи на фото апарати: Olympus, Canon, Nikon…

Во последно време многу од премиум телефонските уреди користат и вештачка интелигенција со цел на корисникот да му овозможат подобри фотографии во сите услови, а фото апаратите за жал сеуште го немаат ова. Сепак далеку од тоа дека фото индустријата е во колапс. Сите што се занимаваат професионално со фотографија знаат дека телефонот никогаш нема да успее во целост да го замени фото апаратот и можностите што ги нуди.

Related Articles